СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против градоначалник на една општина поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противзаконито располагање со буџетски средства за време на избори”.
Пријавениот извршил нередовни исплати на еднократна парична помош на 38 физички лица во вкупен износ од 195.000 денари согласно програмата за мерките и активностите на општината во областа на социјална заштита од буџетски средства за 2019 година. Имено, пријавениот ги извршил исплатите на 15.2.2019, 18.3.2019 и 12.4 2019, односно во период кога се распишани Претседателските избори 2019 година, со што постапил спротивно од Изборниот Законик и од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.