Денеска во населбата Керамидница експлодира бомба во двор во куќа за која подоцна се дозна дека е на Раде Трајковски-Штекли, лик од криминалното подземје.
Штекли стана познат на јавноста по пукањето во Ист Гејт Мол каде се здоби со сериозни повреди во стомакот и градниот кош, но по операциониот зафат преживеа.
Кон Штекли пукаа и од патничко возило „БМВ“ кое потоа беше запалено во Грчец. И ова Штекли го прежиевеа како Чак Норис во филмовите.
Раде се поврзуваше со убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Има 39 години и е дел од т.н Барон криминална група од Чаир. Името го добила по кафуле во Чаир, а во неа воглавно се наоѓаат повратници од боиштата од Сирија и Ирак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.