Млада девојка била брутално малтретирана од повозрасен битолчанец, па дури и киднапирана и држена во викендица во Потпелистерско село, физички малтретирана. Неофицијално дознаваме дека малтретираната жена била униформирано лице.

Официјално полицијата соопшти дека – “СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Т.(42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“. На 21.10.2024 пријавениот во повеќе наврати физички нападнал 24 – годишна жена и против нејзина волја ја држел во неговата викенд куќа во битолско, каде што, исто така, физички ја напаѓал.“, информираат од прес службата..



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.