Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје континуирано вршат редовни контроли со цел сузбивање на дивите превозници на подрачјето на градот Скопје.
Во текот на изминатата недела проверени се пет превозници и изречени се пет казни на диви превозници кои сообраќале и вршеле превоз на патници, без при тоа да ги почитуваат законите и прописите за превоз на патници.
Градот Скопје го продолжува засилениот инспекциски надзор за да овозможи почитување на прописите, a инспекторатот продолжува со засилени контроли и на јавните површини.
Неселективно ќе се санкционираат сите што не го почитуваат законот и ја доведуваат во прашање безбедноста на патниците и другите учесници во сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.