Во рамки на засилената акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, во текот на вчерашниот ден се санкционирани 98 возачи, од кои 44 на територија на СВР Скопје.

При акциската контрола се санкционирани и 148 други видови сообраќајни прекршоци.

Од МВР најавија дека се продолжува со засилените акциски контроли.

Апелираат и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.