Сопственик на „Доказ М“, Марјан Стаменковски, попладнево е пуштен од Клиниката за кардиологија, на негово барање, информира Канал 5.

Стаменковски бил префрлен на Кардиологија од затвророт во Шуто Оризари со возило на брза помош ноќеска околу 3 часот, откако се пожалил на болки во градите и тегоби.

Веднаш му биле направени потребните испитувања и било утврдено дека има потреба да остане на клиниката поради проблеми со срцето, но Стаменковски не прифатил и на свое инсистирање е вратен во затворот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.