Интересно беше на денешното рочиште за случајот „Вања и Панче“.Се поставува како полицијата два пати со исто комбе ги возела обвинетите Палевски и Кешиев додека тие си подавале ливчиња.

Во прата изјава на Кишишев пишуваше дека Палевски за време на убиствата спиел во штабот на партијата, а делата ги извршиле останатите обвинети, но не беше наведено кој пукал во Вања и во Панче.

– Влатко Кешишев на денешното судење даде појаснување за таа изјава. Тој ја негираше целосно изјавата и рече дека два пати бил транспортиран од затворот до судот и назад со првообвинетиот и при тој транспорт Палевски му дал ливче. Палевски од Кешишев побарал да го препише со свој ракопис, да стави потпис и да го пушти до Судот. Кешишев појасни дека чувствувал страв од првообвинетиот и поради тоа го стори тоа. Тој ја повлекува изјавата и сè што има да каже, ќе каже пред судот – рече адвокатот Ефремов.

Во врска со тоа дали ќе бара од МВР да не се повтори ваков транспорт на обвинетите, за да не може Палевски и натаму да влијае врз Кешишев, адвокатот рече дека по завршувањето на судењето, самиот судија побарал од затворската полиција отсега, па натаму, транспортот да се одвива со четири комбиња.

– Секој треба да се транспортира одделно, токму поради вакви влијанија, да немаат контакт едни со други. Дадената изјава може да биде предмет и на Обвинителството – рече Ефремов.

На прашањето дали обвинетиот Кешишев го има оригиналот што го напишал првообвинетиот Палевски, адвокатот Ефремов рече дека тоа ќе го остави на Јавното обвинителство да го открие, ако смета дека треба да отвори истрага.

Keшишов: Палчо ми даде ливче

Изјавата не е моја, ми беше дадено ливче да биде напишано со мој ракопис и да ви го дадам, изјави обвинетиот Влатко Кешишов на денешното судење во случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во врска со изјавата во која тој наведува дека Палчо нема врска со убиството.

Кешишов денеска рече дека тоа го сторил од страв.

– Еден од обвинетите што беше таму со мене ми даде ливче, требаше да напишам со мој ракопис и да го дадам на вас. И јас го направив тоа од страв. При транспортот во судот Палчо ми даде ливче, бидејќи бевме сами назад, на два пати нѐ пренесуваа сами, изјави Кешишев, откако неговиот адвокат побара тој да се произнесе по однос на изјавата која беше доставена на изминатото рочиште до судот во која стоеше дека обвинетитот Кешишов вели дека Палчо нема врска со убиството, туку дела тоа го сториле останатите тројца обвинети.

На прашање од Судот од кого се плаши, обвинетиот со одговор „воопшто“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.