Сведокот Дејан Димовски, началник за насилен криминал и крвни деликти, на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски објасни како дошле до местото каде што било закопано телото на Вања откако претходно го забележале „цитроенот“ на велешанецот низ скопските улици и низ „Сејф сити“.
Клучно било јавувањето на таткото Александар и разговорот што го воделе.
„Имам сомнително возило да го проверите“, ми рече Алекандар. Му реков прати ги. Тоа беа слики од некој козметички салон. Го проверивме тоа возило чија траекотрија беше од улицата „Аминта Трети“ кон „Партизанска“ и „Симпо“. Ни рече дека до него има и некое комбе и да го провериме. Кога видовме, сфативме дека тоа е запалениот велешки „цитроен“ откако ја проверивме и регистрацијата, објасни началникот
Било лоцирано и возилото „кангу“ особено откако неколкупати се појавило на камера заедно со „цитроенот“.
Проверилњ дека го користи партијата Десна на Љупчо Палевски.
Кога влеговме на претрес во партијата го начекавме осомничениот Влатко Кешишев, кој ни рече „Кај сте до сега, ве чекавме“. Го прашав каде е претседателот на партијата (Љупчо Палески Палчо), рече дека е во Белград. Таму беше адвокатот Васко, кој откри дека тој го однел Палчо во Белград. Васко рекол дека Палчо по пат кон Белград му раскажувал дека неколку дена го следи некој „цитроен“, раскажа началникот за случувањата во партијата Десна.
И овој началник како и вчерашниот објасни дека со Александар доаѓал некој Гоце, за кого таткото на Вања рече дека било старо кумство со кого се немаат видено 20 години, но оти еве сега се нашол тука да му помогне.
Гоце ми рече дека Палчо бил зет за прва братучетка на неговата мајка, откри началникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.