Полицискиот началник Музафер Калишиќ, кој ја водеше потрагата по Вања Ѓорчевска, на денешното рочиште ги опиша средбите со таткото Александар.

Една посебно му била чудна и оти се случила пред зградата на Александар. На неа тој дошол заедно со извесен Гоце Трајковски. Александар го претставил Гоце како старо кумство и оти се немаат видено 20 години. Тие му дале на началникот снимки од камери кои полицијата веќе ги имала и затоа и им било нејасно од каде и како ги прибавува.

Следната средба кумовите му посочиле на началникот камера од објект кој гледал директно во зградата каде беше грабната Вања. Му рекле дека има една камера спроти куќата која може нешто да покаже.

Кога отидовме да ја побараме снимката од сопстениците на објектот видовме дека кабелот е исечен, објасни началикот.

Сопствениците на објектот рекле дека до претходниот ден камерата нормално работела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.