Сведокот Дејан Димовски, началник за насилен криминал и крвни деликти на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски објасни дека обвинетиот Влатко Кешишев долго време се „кршел“ додека се решил да им го покаже местото каде што е закопана Вања. Инспекторите се изненадиле дека ги води до местото каде претходно бил пронајден запалениот „цитроен“.

Попат Кишишев повторувал „Јас не сум човек“.

Оделе, како што кажа началникот, буквално низ беспаќе, иако првично Кешишев не им кажал што да очекуваат.

Ни покажуваше со вртење на главата кон едно место каде имаше кумери, перници. Почнавме да копаме, но земјата пропаѓаше. Кешешев не сакаше да гледа и само рече, „Овде е маленкото“. Му рековме и тој да копа и тој почна да копа. Немавме доволно лопати и зедовме од селото. Кога почнавме да копаме видовме лице. Тогаш Кешиев му рекол на началникот Каишиќ дека со нив бил и каратистот Боре од Велес. Вања беше како жива на устата имаше лента со врзани раце и нозе, раскажа началикот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.