Откако претходно изгубил играјќи на ВЛТ апарати во казино во скопската населба Маџари, 27-годишен скопјанец излегол од казиното, но по кратко време се вратил и од под јакната извадил автоматска пушка, при што од вработените изнудил паричен износ од 22.500 денари.
Основното јавно обвинителство – Скопје информира дека е донесена наредба за спроведување истражна постапка против лицето за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“.
Осомничениот на 30 јануари, во казино на улицата „Жан Жорес“ во населбата Маџари, откако претходно изгубил парични средства додека играл на ВЛТ апарати, излегол од казиното и си заминал, но по кратко време се вратил и од под јакната извадил автоматска пушка. Оружјето го насочил кон оштетените вработени и го репетирал, влегол зад пултот и побарал да му ги дадат парите. Еден од вработените му дал паричен износ од 22.500 денари по што осомничениот си заминал, се наведува во соопштението.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.