Клара Т. (14) која исчезна вчера вечер во населбата Илинден е најдена, потврди за Телма нејзината мајка Ивана.

Девојчето било најдено кај Транспортниот центар во Скопје. Центарот бил една од двете локации (покрај Градскиот парк) каде се одвиваше засилена полициска потрага бидејќи преку скриен телефонски број мајката добила известување дека девојчето по семејната караница со автобус 63 заминало од Илинден во центарот на Скопје. На мајката и било посочено дека девојчето ќе преспие на отворено или на Железничката станица во Скопје или во Градскиот парк.

Полицајците и блиските роднини и пријатели на Клара од претпладнево ги пребарувале двете локации, а кај Железничката станица (Транспортен центар) е најдена девојката во добра и стабилна здравствена состојба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.