Даниел Пројковски, син на поранешниот началник на СВР Струмица, Танчо Пројковски, кој важи за контроверзна личност во Струмица, повторно грубо го прекши законот на начин што како во трилер филм по грешка со службено полициско возило влегол во спротивна сообраќајна лента со цел да му го пресече патот и да сопре возило од спротивната страна, информираат анонимини извори за „Нетпрес“.

Меѓутоа, како што вели изворот на „Нетпрес“, инспекторот по општ криминал Даниел Пројковски направил фатална грешка и блокирал автомобил во кој се возело семејство со деца од Бугарија. Пројковски предизвикал сериозна сообраќајна незгода со телесни повреди и огромна материјална штета. Имено, службената полициска „шкода октавија“ целосно ја уништил.

Сообраќајната незгода се случила вчера на 14 јули, во 17 часот на магистралниот пат А4 Радовиш-Струмица, пред сервисот Џано транс. Учествувале „шкода октавија“ со регистарски број СР 887 БР сопственост на МВР на Република Македонија, а управувана од Даниел Пројковски род 1992 година од Струмица. Сопатник на Пројковски му бил Димитар Тушев роден 1991 година од Струмица. Возилото во кое удриле е „хонда сивик“ со бугарски регистарски ознаки, а го управувал Стојко Стајков роден 1987 година од Р. Бугарија.

 

Сопатници со него биле: Бисерка Стајкова род 1987 година, Велислава Стајкова родена 2011 година и Самуил Стајков роден 2015 година сите од Бугарија.

 

Во незгодата со телесни повреди се здобиле сопатникот во „шкода октавија и сопатниците во „хонда сивик““, наведува изворот за Нетпресс.

Инаку, како што пишува „Нетпрес“ синот на поранешниот началник на СВР Струмица и претходно учествуваше во инцидент со насилство и пукаше од службен пиштол, кој МВР доколку постапуваше согласно процедурите и не се работеше за Даниел Пројковски ќе требаше да му го одземе. За наведените противправни дејствија против него се води постапка во обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.