Десетина пријави за работници од Непал кои не се појавиле повеќе кај работодавците низ Македонија се поднесени во МВР.

Последната доаѓа од Пехчево, каде во вторникот во ОВР Берово, Д.В.(44) од Берово, раководител на правен субјект од Пехчево, пријавил дека нивен 38-годишен вработен од Непал, со привремен престој во Пехчево, се оддалечил од местото каде што престојувал.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Претходно истиот ден, во Полициската станица Свети Николе, В.М.(34) од Свети Николе, управител на приватна фирма од Свети Николе пријавил дека петмина негови вработени – лица од Непал, со привремен престој во Свети Николе, на возраст од 27 до 38 години, го напуштиле местото каде што престојувале.

И во овој случај се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.