Денеска во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода Г.Ј.(37) од Скопје. При претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, во хаварисано возило во дворот, биле пронајдени и одземени близу еден килограм кокаин и дигитална вага со остатоци од кокаин. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.