На 04.04.2023 во 12.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Медицински центар Гостивар со тешки телесни повреди бил донесен И.Е.(60) од Гостивар, информираат од полицијата.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во рудник во гостиварско Старо Чајле. Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар, а за случајот бил запознаен јавен обвинител и трудов инспектор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.