Гостиварец ја силувал својата невенчана сопруга, стои во полицискиот билтен на МВР.

Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера, во 18.30 часот го лишиле од слобода 52-годишниот гостиварец А. С., кој два часа порано бил пријавен од 37-годишната невенчана сопруга дека претходната ноќ, спротивно на нејзината волја, извршил полов напад, извести СВР Тетово.

Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.