Гостиварец грабнал малолетничка од дворот на нејзината семејна куќа во струшко Ново Село.
СВР Охрид денеска соопшти дека во струшката полиција вчера околу 15 часот било пријавено дека С.А. од Гостивар со патничко возило ја одвел малолетничката.
Според пријавеното, подоцна малолетничката телефонски ја контактирала нејзината мајка и ѝ соопштила дека е во домот на нејзиното момче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, изјави портпаролот Стефан Димоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.