Вчера (10 јули) околу 16.10 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека Н.Д.(41) од Гостивар паднал од прозорец од зградата во која живеел додека вршел поправка на ролетна во својот стан, информираат од СВР Тетово.

Тој бил пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

Се работи на расчистување на случајот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.