На Граничниот премин Богородица ноќеска во 01.20 часот е лишен од слобода Н.М. од Гевгелија, поради криумчарење цигари и тутун.

При преглед во патничкото возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 387 штеки различни видови цигари и 1250 грама тутун, за кои не поседувал никаква документација, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.