Вчера во 21.11 часот во Полициската станица Центар, Б.Б.(31) од Скопје пријавил дека две лица кои биле со мотоцикл фрлиле направа во неговата авто перална на бул.„Гоце Делчев“, која предизвикала експлозија од која настанале оштетувања на помошен објект – барака. Повредени лица нема. За настанот бил известен Јавен обвинител и увид на местото извршила екипа од ЕВР Центар и Бит Пазар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.