Против правно лице и против сопствениците од Холандија, е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „бесправно градење“.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице и против сопствениците В.Х.М.Р. и Р.В. од Холандија, со привремен престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ – се наведува во соопштението на Министертсвото.
Како што посочуваат од МВР, второпријавената, во својство на сопственик и управител на правниот субјект, во текот на 2021 година на две катастарски парцели во Прељубиште изградила монтажни објект без потребната документација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.