Полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, денеска при извршена дополнителна контрола на три возила со кои се вршел превоз на патници, и тоа патничко возило „пежо боксер“, со швајцарски национални ознаки,управувано од Т.Г.(22) од с.Ново Село, патничко возило „пежо боксер“, со струмички регистарски ознаки, управувано од С.В.(43) од Струмица и патничко возило „цитроен џампер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(44) од Штип, и притоа било констатирано дека пријавените вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација, соопштија од МВР.
Од страна на полициските службеници бил известен надлежен инспектор од Одделението за инспекциски надзор над патниот сообраќај при Државниот инспекторат за транспорт и врски за расчистување и санкционирање на случаите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.