Екипи на градските комунални инспектори при вршење редовна контрола пред објектот на поранешна Агромеханика во населбата Злокуќани затекнаа лица што спалуваа кабли. Веднаш се повикани полициски службеници со кои земени се податоци и против истите ќе биде покрената соодветна прекршочна пријава. Запаленото сметиште беше веднаш изгасено.
Градските инспектори продолжуваат со засилените контроли на терен и сите затекнати сторители што ја загадуваат животната средина ќе бидат ригорозно санкционирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.