Полициски службеници од полициската станица Ресен и Надворешната канцеларија за криминалистички работи изутринава го лиши од слобода М.Н.(46), кој бил затекнат при бесправна сеча на огревни дрва, од кои дел биле натоварени на возило.

Како што информира МВР, извршен е увид на местото на настанот.

Полицајците денеска во 11:00 часот постапувајќи по планот за „Безбедно лето 2022”, на место викано „Бела Вода“, атар на село Златари, пронашле патничко возило „сеат толедо“, со ресенски регистарски ознаки, натоварено со огревно дрво без соодветна документација.

Возилото и дрвата се предадени на ЈП „Национални шуми“-  подружница Ресен, а по документирање на случајот против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.