Фалсификувани пари и дрога пронашла охридксата полиција кај малолетник од селото Елшани.
МВР денеска соопшти дека кај 16-годиншкикот биле пронајдени фалсификувани пари во вкупна вредност од 1.050 евра и дрога.
– При преглед извршен на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одземаа 21 банкнота од по 50 евра со ист сериски број и една ќеса со марихуана, стои во информацијата.
Лицето е приведено синоќа во 22 часот и 30 минути во СВР Охрид, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.