Поранешниот директор на „Идризово“, Реџеп Реџепи за „А1он“ сведочи дека трпел притисоци од директорот на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски, за да го премести Бојан Јовановски-Боки 13 во полоши услови.
Реџепи открива дека Спасовски постојано го правел тоа, но тој не подлегнал на притисоците. Јовановски го оставил да ја отслужува казната, онаму каде бил сместен кога влегол во затворот.
Марјан Спасовски секогаш ми правеше притисок за овие две личности, Бојан Јовановски и Сеад Кочан. Тој викаше дека тоа го бара СДСМ. Моето мислење е дека тоа не е барање на СДСМ, бидејќи тој сакаше да ја постигне неговата цел. Да рекетира. Тоа му е целта на него, открива Реџепи за „А1он“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.