Две починати лица се пронајдени вчера во нивните домови, во два одделни случаи во Скопје и Битола, соопшти МВР.

Ј.Ш. од Прилеп, вчера во 10.00 часот во СВР Скопје, пријавила дека на ул. „Козле“ во Скопје го пронашла починат нејзиниот татко З.Ј.(62). Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Во 14.52 часот во СВР Битола, вчера, било пријавено дека во домот во с.Добрушево, Прилепско, била пронајдена почината В.И.(79). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.

И во двата случаја по наредба на јавни обвинители телата се предадени на обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.