Двајца мотоциклисти се тешко повредени во два одделни судири.

Прво вчера во 18.20 часот било пријавено дека во Прилеп, на локалниот пат од с.Дупјачани кон с.Небрегово, Прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“, управувано од А.С.(25) од Прилеп, кое влечело патничко возило „голф“, управувано од Д.Д.(21) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки и мотоцикл „хамачи“, управуван од О.Ј.(40) од с.Дупјачани.

Во несреќата О.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Во 20.25 часот, пак, било пријавено дека во Скопје на крстосницата од ул.„11 Октомври“, ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Даме Груев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од К.Д.(44) од Скопје и мопед „сим“, управуван од Д.К.(18) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.