Родители од Скопје забележале повреди околу ушите кај нивната малолетна ќерка. Осомниечна е дефектолог која му држела приватни часови на девојчето и повикана на разговор од страна на полицијата.
Н.П.(44) од Скопје пријавил дека на 18.03.2023 околу 16.30 часот неговата сопруга му кажала дека нивната малолетна ќерка имала повреди во пределот околу ушите, кои ѝ биле нанесени од Е.С.(36) – дефектолог од Скопје, која приватно ја ангажирале да држи часови на нивната ќерка“, соопштуваат од МВР.
Со дефектологот бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат од полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.