Полицискиот началник Музафер Калишиќ, кој го водеше случајот на Вања Ѓорчевска, на денешното рочиште детално објасни како дошле до местото каде што девојчето беше пронајдено мртво.

Таму ги однел обвинетиот Влатко Кешишов, кој бил уапсен поради сомнежи за исчезнувањето на Панче Жежовски. Па, тоа што следувало било шок.

Влатко Кешишов

Тој барал да одат сами до „едно место“, бидејќи се плашел дека првообвинетиот Љупчо Палески – Палчо може да го убие ако дознае што ќе им покаже.

Нè однесе до запаленото возило, до „цитроенот“. Ние веќе знаевме за возилото. Таму разговаравме. Сакаше да каже нешто, па не сакаше, се премислуваше. Па рече, ајде ќе ве однесам. Возевме по негови насоки и рече излезете. Широк огромен простор, кој служи како депонија. Пак сакаше да каже нешто, па велеше не можам, не можам. Тргна кон возилото, па се врати и рече ајде. Каде одиме, го прашав. Ми посочи со главата, имаше перници, душеци. Не покажуваше со рака, со глава. Рече:,,Таму кај перниците”. Потоа продолжи: ,,Ама јас стоев 20-30 метра од нив”. Почнавме да копаме. Го замоливме да посочи каде точно. Посочи едно место. Рече: ,,Тука ја фрлија”. Тогаш ме фати за рака и рече: ,,Мислам тука е маленкото”. Кога прашав кое, рече тоа што го барате девојчето. Копавме се додека не го видовме носот и едната нога и запревме, сведочи началникот.

Претходно началникот зборуваше и за почетната истрага околу исчезнувањето на девојчето, посочувајќи дека однесувањето на нејзиниот татко било многу чудно и конфузно и дека тој им бил сомнителен:

Началникот посочи и дека Александар со негов стар пријател по име Гоце, почнале да ѝ носат снимки од назорни камери на полицијата, за кои не знаеле од каде ги прибавува и како:

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.