Основниот кривичен суд Скопје денеска попладне треба да ја изрече пресудата за случајот „Плацови на Водно“ во кој првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски.
Обвинети се уште пет други лица: Сашо Мијалков, Ристо Новачевски, Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска-Камчева, за која обвинителството во завршните зборови се откажа од кривичен прогон поради застарување на делото.
На Груевски на товар му се ставаат делата перење пари и противправно стекнување и прикривање имот. Во случајот обвинителството тврди дека Груевски со пари кои биле донација за ВМРО-ДПМНЕ прибавил 1,3 милиони евра, а потоа ги пуштал во оптек и купувал имот. Обвинението опфаќа плацови на Водно, станови во Скопје и земјиште во Крушево. Во шемата на купување имот, според обвинителството, се вклучени и офшор фирми, односно била искористена компанијата „Сирах лимитед“ од Белизе во сопственост на обвинетиот Јосифовиќ, и преку неа се отворила фирма-ќерка во Македонија, „Сирах инженеринг“, за чиј управител бил назначен кумот на Груевски од првиот брак, Ристо Новачевски. Тој, според обвинението, за експремиерот го купил и земјиштето во Крушево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.