Амар Исмани  младиот албански пејач од Скопје, е убиен синоќа во Скопје во престрелка што се случила по масовна тепачка. На Инстаграм со потресна порака се прости од него неговиот пријател Јетмир Асани.

– Ти го имаше мојот грб, а јас сум твој. Тешко е пријателе. Те гледав како брат. Господ да не соедини на рајот. Ќе те паметиме по твоето големо и искрено срце. Ги известувам семејството и пријателите дека џаназата ќе се изврши во Чаир џамија, додека погребот ќе биде на гробиштата Бутел – напиша Јетмир Асани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.