Доколку на Драган Даравелски му биде прифатено барањето за повторно судење, тогаш тој дефинитивно ќе биде слободен граѓанин. Поточно, во таков случај ќе биде константирана апсолутна застареност на кривичното дело за кое се гонел, а кое застарело лани, односно по 20 години од извршувањето на истото, објави „Фокус“.

Одлуката за тоа дали ќе му биде дозволено повторено судење, бидејќи првиот пат му се судело во отсуство, деновиве треба да ја донесе Кривичен совет на скопскиот кривичен суд.

Според процедурата, советот најпрвин ќе ги прибере податоците за Даравелски од затворот „Идризово”, а потоа предметот ќе го испрати во Обвинителството од каде што ќе побара мислење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.