На денешното рочиште сведочеше чичкото на Зорица Ѓорчевска. Митко Лазаров рече дека кога внуката му кажала дека ја нема Вања тој со велосипедот тргнал да ја бара во близина на Силбо бидејќи му кажале дека таму е последен пат лоциран сигналот од мобилниот на Вања.
Кога пристигнав кај Силбо кај слепата уличка го забележав автомобилот на Александар.Тој беше внатре со еден полицаец. Тој не излезе од возилото туку само ми кажа дека „ако е Вања е отепана ќе се отепам и јас“, на што ја сум одговорив па „отепај се“-раскажа чичкото на Зорица.
Митко вели дека однесувањето на Александар му било многу чудно и оти за станот знаел дека е во сопственост на Зорица која го добила како наследство од неговиот брат
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.