Полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце и од Одделението за прекуграничен криминал Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север на 08. и 09.02.2022, извршиле контрола на четири патнички возила и еден автобус кои вршеле меѓународен превоз на патници. Било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.
Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека при контрола на возилата „мерцедес“, со струмички регистарски ознаки, управувано од К.А.(38) од Струмица, „мерцедес“ со бугарски национални ознаки, управувано од С.К.(32) од Република Бугарија, „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(42) од Куманово и „сеат алхамбра“, со струмички регистарски ознаки, управувано од К.Т.(28) од Струмица, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација.
Исто така, при контрола во автобус, со гостиварски регистарски ознаки, управуван од М.М(42) од гостиварското село Горна Бањица, било констатирано дека врши меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација.
Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.