Блокиран е планинскиот превој Плетвар, дознава 4NEWS.mk. Според првичните информации станува збор за сообраќајна несреќа во која учествувала и цистерна, од која истекува метан.

РЦУК – Прилеп известува дека од 15:20 часот ТППЕ Прилеп (пожарникарите) и екипа од Полициска станица ПС Прилеп на патен правец Прилеп – Плетвар кај Каменоломот имаат интервенција на сигурносниот вентил кој пропуштал гориво од возило – цистерна што превезувала течен гас – метан.
Возилото е одстрането од сообраќај на лице место се упатени екипа од ПС Прилеп и ТППЕ Прилеп заради одстранување на дефектот и обезбедување на просторот и возилото.

Сообраќајот се одвива под контрола на патрола од ПС Прилеп.

Моментално, Плетвар е затворен за целосен сообраќај.

За настатнот е известен инспекторот за заштита и спасување од ДЗС Прилеп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.