МВР информираше дека вчера во СВР Битола било пријавено дека во атар на село Старавина, Битолско, починал Р.Д. на возраст од 65 години од Битола, пренесува „Фокус“.

Според пријавеното, тој починал додека собирал шумски плодови со негов пријател.

Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола, увид бил извршен и за настанот бил известен јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.