Повозрасен жител на селото Врбен во општина Маврово Ростуше починал од повреди што му ги нанел бик при истовар од камион на сточниот пазар во Гостивар.
Според СВР Тетово, денеска во 9 часот во СВР Тетово е пријавено дека на добиточниот пазар во Гостивар, при истоварање од камион, бик го удрил неговиот 82-годишен сопственик Љ.С.од гостиварското село Врбен.
Според првичните информации, старецот се обидел да го наведе животното да се симне од камионската приколка, но во еден момент тоа со главата удрило во телото на Љ.С. и му нанело тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде веднаш бил пренесен за укажување лекарска помош.
Набргу тој им подлегнал на повредите. Јавен обвинител и екипа на Одделението за внатрешни работи Гостивар извршиле увид на местото на настанот и по извршениот медицински преглед телото на починатиот било предадено на семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.