Едно лице почина во денешната сообраќајна несреќа која случила на крстосница во Гостивар. Идентитетот на настраданиот не е познат.

Според СВР Тетово, околу 15:30 часот денеска било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на крстосницата на улиците „Гоце Делчев” и „Беличица” во Гостивар. Според пријавата, товарно моторно возило „МАН” со мешалка за бетон управувано од М.К. (56) од гостиварско Беловиште, удрило во повозрасно машко лице со велосипед, чиј идентитет засега не е утврден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.