На 01.06.2023 од страна на полициски службеници од Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево, по преземени мерки и активности е лишен од слобода С.Р.(26) од Скопје. За него бил распишан распис, поради сомнение дека на 24.05.2023 во Транспортен центар извршил кривично дело кражба, при што одзел предмети од Х.О. од Турција.

При извршен преглед кај С.Р. биле пронајдени 7 пакувања прашкаста материја, а при извршен службен разговор во полициска станица, С.Р. признал дека е сторител на кражбата, а одземените предмети се пронајдени кај него и ќе бидат вратени на сопственикот. По документирање на случајот против лицето ќе следува кривична пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.