Голем број на полициски екипи и амбулантно возило во моментот се на паркингот кај трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, каде утрово едно лице беше убиено со огнено оружје.

Според неофицијални информации, станува збор за скопски адвокат. Во близина до телото има електричен тротинет.

Се очекуваат официјални информации од МВР, од каде пак во потрагата по пукачот е вклучен и хеликоптер.

Во меѓувреме, ТВ21 објави фотографија од автомобилот од кој е пукано, а кој е пронајден во Гази Баба и има белгиски регистарски таблички.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.