Вчеравечер околу 22.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Васил Чакаларов“ и ул.„Ангел Динев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(39) од Скопје и автобус на ЈСП Скопје „јутонг“ со скопски регистарски ознаки, управуван од З.Р.(51) од Волково, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило Т.М. и неговата сопатничка Е.К.(36) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.