Полицијата апсеше на повеќе локации во Скопје, при што приведени се пет лица.

Денеска во 02.00 часот во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.Х.(29) од Германија, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

Денеска во 01.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници го лишиле од слобода С.Д.(27) од Кратово, поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја.

Денеска во 00.20 часот во Скопје, пред угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода С.И.(41) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

Вчера во 23.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода К.А.П.(42) од Украина, а со престој во Бугарија, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

 

Вчера во 22.50 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(20) од Скопје, поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја и бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветен поднесоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.