Вчера во 23.07 часот во ОВР Кичево е пријавено дека пред угостителски објект на бул.„Ослободување” во Кичево бил физички нападнат и повреден со остар предмет албанскиот државјанин Џ.В..

На нападот му претходела вербална расправија во објектот. Повредениот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје за укажување на лекарска помош.

Во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.