Агим Красниќи кој беше дел од „кондовската група“ и Сехат Рамадани вчера биле екстрадирани од Косово, дознава „Фокус“.

По претходно дозволена екстрадиција тие се сместени во затворот во Штип за доиздржување на затворската казна на која беа осудени.

Красниќи заедно со Рамадани во 2020 година не се вратија во штипскиот затвор по слободен викенд.  Треба да одлежат уште околу три од вкупно 15 години затвор на кои беа осудени во 2008 година за повеќе кривични дела поврзани со насилство, киднапирање, изнуди и нелегално оружје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.