Велосипедист е тешко повреден во вчерашната сообраќајка кај трговскиот центар „Скопјанка“.

Од СВР Скопје велат дека вчера во 14:20 часот кај нив било пријавено дека на крстосница од бул.„Кузман Јосифовски-Питу“ и ул.„Бојмија“ во Скопје, патничко возило „сеат леон“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ф.Н.(25) од Велес, удрило во велосипед управуван од Т.М.(70) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.