Во текот на вчерашниот ден (29.08.2024) од страна на Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување во соработка со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 19.00 до 00.00 часот, во рамките на планот за зголемено присуство на полицијата и зголемување на безбедноста во градот Скопје, беше реализирана зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Во акцијата беа контролирани повеќе од 90 мотоцикли и мотори, а санкционирани се 60 возачи. Од нив, 28 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 10 возачи возеле без возачка дозвола, 12 возачи имале несоодветна категорија, пет мотоцикли не биле регистрирани, едно патничко возило било задржано поради сомнение за техничка неисправност и предизвикување голема бучава…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.