На 07.05.2023 во 21.40 часот во гостиварски Градец, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 29-годишниот Б.Х. од ова село. Тој се сомничи дека околу 20.00 часот во спортска обложувалница во селото со закана со остар предмет одзел пари од вработените и оштетил дел од инвентарот во објектот. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против него ќе следува поднесок.
На 07.05.2023 околу 16.00 часот, полициски службеници од ЕВР Чаир го лишиле од слобода Ш.Р. (62) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 09.20 часот во спортска обложувалница на ул.„Натаниел Кучевишки“ во Скопје физички ја нападнал вработената и одзел пари. Тој бил задржан во полициска станица и од него биле одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.