Полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 25-годишниот С.К. од село Виничани, општина Градско. Тој во селото со патничко возило „фиат панда“ со велешки регистарски ознаки удрил во 43-годишниот А.Ц. од истото село, кој претходно имал вербална расправија со таткото на приведениот, информира за МИА Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
А.Ц. од здобиените повреди починал, а смрт констатирал лекар од Општата болница Велес, додека С.К. избегал од местото на настанот, но набрзо бил пронајден и приведен.
Настанот се случил на 19 јули, меѓу 15 и 16 часот. Полицијата кратко време по настанот го привела 25-годишниот С.К.
По целосно документирање на случајот против С.К. ќе следи соодветна пријава, најави Самарџиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.